04 август 2026
• од Тодор Вангелов
Кавадарци помина тешка ноќ со повеќе активни пожари, откако покрај големиот пожар кај Раовец беа пријавени уште две нови жаришта – кај Камен Дол и меѓу селата Цирково и Манастирец.
Според Центарот за управување со кризи, едниот пожар избувнал кај Камен Дол, во близина на каменоломот „Градба промет“, додека вториот е регистриран меѓу Цирково и Манастирец. Новите жаришта се наоѓаат на околу пет, односно осум километри од големиот пожар кај Раовец.
Најсериозна е состојбата меѓу Цирково и Манастирец, каде што, според првичните процени, постои опасност огнот да се прошири во пожар од големи размери. На терен се распоредени пожарникари и други служби кои работат на негово локализирање и спречување на понатамошното ширење.
Во меѓувреме, продолжува и борбата со пожарот кај Раовец, кој повторно се разгоре и се прошири кон тешко пристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро. Во неговото гаснење се вклучени воздушни и копнени сили, меѓу кои два авиона „ер трактор“, полициски и армиски хеликоптер, специјализирани возила и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Граничната полиција, Шумското стопанство и локалните противпожарни единици.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

