06 август 2026
• од Тодор Вангелов
Германскиот товарен брод „Емил“ бил цел на напад со руски дронови во Црното Море, при што избувнал пожар и пловилото останало без можност за маневрирање. Според медиумските извештаи, сите 11 членови на екипажот се спасени и нема повредени.
Нападот се случил на околу 21 наутичка милја од украинскиот пристанишен град Одеса. Бродот плови под знамето на Либерија, а е во сопственост на германската бродска компанија „Јохан М. К. Блументал“ со седиште во Хамбург.
Според германскиот весник „Билд“, бродот бил погоден повеќепати со дронови, по што избувнал пожар и откажале неколку технички системи. Додека екипажот бил евакуиран, следувал уште еден напад.
Руското Министерство за одбрана потврди дека во текот на ноќта биле извршени напади врз два товарни брода во Црното Море, тврдејќи дека тие превезувале воена опрема за Украина.
Според истите информации, вториот напад бил насочен кон бродот за превоз на жито „Мера Квин“, кој плови под знамето на Гвинеја-Бисау. Во тој напад, според медиумските извештаи, загинал еден член на екипажот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

