06 август 2026
• од Никола Трајковски
Полициски службеници од СВР Тетово денеска го лишиле од слобода 60-годишниот Т.С. од тетовското село Боговиње, осомничен дека пукал со оружје на семејна веселба, при што еден од куршумите оштетил покрив на куќа во селото Синичане.
Според полицијата, настанот се случил на 5 август околу 23 часот. Куршумот завршил во покривот на куќата на 66-годишен жител на Синичане.
По судска наредба бил извршен претрес во домот на осомничениот, при што во дворот биле пронајдени три чаури од калибар 9 милиметри и две чаури од гасен пиштол.
Во рамки на истрагата бил извршен претрес и во домот на 50-годишниот Ф.М. од Боговиње, каде во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол.
Од СВР Тетово информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

