04 август 2026
• од Тодор Вангелов
Партија Левица ја обвини Владата и ВМРО-ДПМНЕ дека наместо да ги решаваат причините за демографската криза, одговорноста ја префрлаат врз граѓаните.
Реакцијата следува по изјавата на пратеникот Антонио Милошоски на одбележувањето на Илинден, за која од Левица велат дека ја игнорира економската реалност со која се соочуваат младите семејства.
Според партијата, високите животни трошоци, растот на цените на становите и недостапноста на сопствен дом се главните причини поради кои младите го одложуваат основањето семејство. Тие посочуваат дека синдикалната минимална кошничка изнесува 68.498 денари, а за семејствата што живеат под кирија се потребни речиси 84.000 денари месечно, додека просечната нето-плата е околу 49.500 денари.
Левица дополнително ја критикува Владата и поради, како што наведува, доцнењето со исплатата на породилните надоместоци, оценувајќи дека тоа испраќа погрешна порака до младите родители.
Во соопштението се повикуваат и на анализа на Меѓународниот монетарен фонд, според која Северна Македонија повеќе од две децении бележи намалување на населението, главно поради иселувањето, што веќе има негативно влијание врз економскиот раст.
Од Левица оценуваат дека демографската криза не е резултат на недостиг од патриотизам или семејни вредности, туку на економските и социјалните услови, и ја повикуваат Владата да се фокусира на политики што ќе ги задржат младите во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

