06 август 2026
• од Стефан Николов
СДСМ обвини дека Владата на Христијан Мицкоски не реализирала нова инвестиција со железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, туку повторно промовира проект за кој, според партијата, финансирањето било обезбедено уште во времето на претходната власт.
Од партијата тврдат дека пред три години биле обезбедени средства преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ), Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и ИПА фондовите. Според нив, тендерската постапка била започната, а биле доставени и понуди од заинтересирани компании.
СДСМ наведува дека по промената на власта не бил избран изведувач, тендерот пропаднал, а средствата од заемите останале неповлечени, поради што државата плаќа пенали. Партијата тврди и дека Македонија изгубила 60 милиони евра од европските ИПА фондови, кои биле дел од финансиската конструкција за проектот.
Во соопштението се оценува дека Владата сега ги претставува претходно обезбедените средства како нова инвестиција, додека, според СДСМ, единствениот резултат е блокирање на проектот и губење на европски средства.
Од партијата упатија и критики за економската политика на Владата, обвинувајќи ја за зголемување на јавниот долг и за, како што наведуваат, организирање „криминални тендери“. Власта досега изнесе поинакви оценки за проектот, наведувајќи дека со новите договори е обезбедена негова реализација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

