04 август 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ побара Јавното обвинителство да отвори истрага против премиерот Христијан Мицкоски, министерот Арбен Клековски и други одговорни лица, тврдејќи дека со нивните постапки било загрозено здравјето на граѓаните во Гостивар поради проблемите со водоснабдувањето.
Од опозициската партија велат дека и по повеќе од една недела сè уште нема официјален документ со кој, според нив, се потврдува дека водата е технички исправна. Тврдат дека единствената потврда досега била јавна изјава од премиерот.
СДСМ посочува дека денес повторно се спроведува хиперхлорирање на водоводната мрежа и наведува дека во примероците е потврдено присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Според партијата, тоа отвора сериозни прашања за безбедноста на водата и за информациите што им биле соопштени на граѓаните.
Партијата обвинува дека институциите не постапиле навремено и бара кривична одговорност за сите надлежни, вклучително и за премиерот Христијан Мицкоски и министерот Арбен Клековски. Воедно, го повика Јавното обвинителство да постапи по случајот и да утврди дали има основ за кривична одговорност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

