05 август 2026
• од Гоце Кически
Двајца државјани на Косово се уапсени во Скопје под сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“, соопшти Министерството за внатрешни работи. При полициска контрола биле пронајдени пари во различни валути со вкупна вредност од околу 230.000 евра.
Според МВР, на 3 август полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Р. (30) и Т.Т. (44), двајцата косовски државјани.
При преглед на возило „Голф“ во кое се превезувале, полицијата пронашла евра, американски долари, швајцарски франци и британски фунти во различни апоени, чија вкупна вредност се проценува на околу 230.000 евра.
Парите се одземени, а осомничените се приведени во Полициската станица Центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

