04 август 2026
• од Стефан Николов
Полицијата ги идентификуваше лицата осомничени за насилниот напад во Гостивар, откако на социјалните мрежи беше објавено видео од инцидентот. По преземените мерки, двајца малолетници се повикани на службен разговор, а по третиот осомничен се постапува преку СВР Скопје.
Според информациите од МВР, на 2 август во 22:20 часот, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од тројца непознати лица кои користеле дрвени и тврди предмети.
По известувањето на јавен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар ги идентификувале тројцата учесници во нападот.
Во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои по наредба на јавен обвинител им биле одземени патните исправи. Третиот осомничен е В.Д. (20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

