05 мај 2026
• од Димитар Стојановски
Бујар Османи ја продолжи дводневната посета на Брисел со низа средби со претставници на европските институции и со европратеници ангажирани во политиките на Европската Унија поврзани со проширувањето и Западен Балкан.
Во рамки на вториот ден од посетата, Османи оствари средби со претставници од кабинетот на еврокомесарката за проширување Марта Кос, меѓу кои и Андреа Вихер-Вејт, како и со европратениците Владимир Пребилич, Тијс Ројтен и Матјаж Немец.
Според објавите на социјалните мрежи, во фокусот на разговорите биле европската интеграција на Северна Македонија, регионалните предизвици, како и улогата на Европската Унија во Западен Балкан. Посебен акцент бил ставен на потребата од поголемо внимание и поактивен ангажман од европските институции во однос на процесите што се однесуваат на земјата и регионот.
Османи посочил и на, како што се наведува во објавата, кризата поврзана со „разградувањето на Охридскиот мировен договор“, како и на динамиката на процесот на членство во Европската Унија. Во тој контекст била нагласена улогата на ДУИ како, според објавата, „кредибилен и конструктивен партнер“, со континуиран ангажман за унапредување на европската агенда и зачувување на стратешката ориентација на државата.
„Пораката е јасна: Северна Македонија има поддршка во Брисел, но напредокот зависи од внатрешната политичка волја и јасното лидерство“, се наведува во објавата.
За време на посетата во Брисел, Османи остварил и посебна средба со Ибрахим Донмез, пратеник во Парламентот на Брисел, Албанец со потекло од Битола.
Османи истакнал дека со Донмез ги поврзуваат професијата хирург и политичкиот ангажман, но пред сè, како што навел, заедничкото уверување дека двојазичноста — и во Белгија и во Северна Македонија — не е тема за преговори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

