05 мај 2026
• од Гоце Кически
Наташа Поповиќ, упати остри критики до Владата и Министерството за внатрешни работи по, како што наведоа, „уште еден скандалозен случај“ поврзан со лице од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски.
Според Поповиќ, станува збор за лице кое завршило во притвор под сомнение за семејно насилство, при што, како што изјави, „брутално ја претепал сопствената сопруга“. Таа оцени дека случајот е показател за, како што рече, „окружувањето на Мицкоски и една криминална Влада во која насилството е нормализирано“.
„Ова е уште еден доказ дека системот е целосно распаднат, а моралот со ВМРО-ОКГ срозан“, изјави Поповиќ, алудирајќи на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ посочуваат дека обезбедувањето на премиерот е под директна надлежност на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кого го обвинија за политизација на полицијата и нефункционалност на институциите.
„Полицијата е партизирана и служи исклучиво за заштита на власта и за злоупотреби против опозицијата. Ако луѓе во системот се учесници во семејно насилство, тогаш нема механизам за превенција и заштита на жртвите“, рече Поповиќ.
Таа додаде дека, според нив, во институциите се унапредуваат лица без соодветни квалификации, додека професионалниот кадар се маргинализира.
СДСМ во своето обраќање наведе и низа случаи на насилство и криминал од изминатиот период, меѓу кои врсничко насилство во Скопје, злоупотреби на малолетници во повеќе градови, како и неколку случаи на семејно насилство со трагични последици. Посебно беше истакнат случајот на убиство на жена и дете, и покрај претходни пријави, како и други кривични настани во Велес и Старо Нагоричане.
Дополнително, од партијата посочија и на случаи поврзани со организиран криминал, вклучително и, како што рекоа, „пет тони дрога кои поминале преку граница без контрола“, како и трагедијата во Кочани, за која, според нив, „до денес нема одговорност“.
„Системот е ставен во функција на заштита на власта, а не на граѓаните. Одговорноста е директна кај министерот Тошковски“, изјави Поповиќ, повикувајќи го министерот да поднесе оставка од морални причини.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

