22 септември 2026
• од Гоце Кически
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, и украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот имале кратка средба на аеродромот Шенон во Ирска, додека нивните авиони биле дополнувани со гориво на пат кон САД.
Информацијата ја потврдил извор запознаен со средбата. Засега нема детали за темите за кои разговарале Ретклиф и Зеленски.
Зеленски патувал кон Њујорк, каде учествува на средби со светски лидери во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.
Ретклиф, пак, се враќал во САД по посетата на Египет, каде разговарал со претседателот Абдел Фатах ел Сиси за безбедносни прашања, состојбата во Газа, Судан и регионалната соработка.
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

