22 септември 2026
• од Гоце Кически
Американскиот претседател Доналд Трамп пред Генералното собрание на ОН ја претстави својата дипломатија како комбинација од лични односи со светските лидери, трговски договори и закани со царини. Тој тврди дека ваквиот пристап помогнал во постигнувањето договори во повеќе конфликти.
Трамп изјави дека од неговото враќање на функцијата помогнал во решавањето на осум конфликти. Како примери ги наведе односите меѓу Камбоџа и Тајланд, Србија и Косово, Конго и Руанда, Индија и Пакистан, Ерменија и Азербејџан, како и војната во Газа.
Според него, клучот за постигнување договори биле неговите лични односи со лидерите, но и економскиот притисок. Трамп директно ги посочи трговијата, царините и заканите со воведување царини како инструменти што Вашингтон ги користи во преговорите.
Тој најави дека истиот пристап ќе продолжи и во напорите за завршување на војната меѓу Русија и Украина. Трамп рече дека неодамна добил дополнителни овластувања за воведување царини и дека е подготвен да ги употреби доколку оцени дека тоа може да придонесе за запирање на војната.
Во говорот Трамп повторно порача дека САД ќе продолжат со дипломатски и економски притисок и врз Иран. Неговото обраќање пред ОН беше посветено на повеќе надворешнополитички теми, меѓу кои Украина, Блискиот Исток и односот на Вашингтон кон меѓународните институции.
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

