25 септември 2026
• од Гоце Кически
Во времето на гонењето на христијаните под царот Диоклецијан, свети Автоном пребегнал од Италија во Витинија, во местото Сореос. Таму долго време живеел во христијански подвиг и изградил црква посветена на светиот Архангел Михаил.
Престојувал во домот на побожниот христијанин Корнелиј, кого најпрво го ракоположил за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од Сореос се наоѓало местото Лимна, населено со незнабошци. Свети Автоном заминал таму и за кратко време многумина ги привел кон Христовото Евангелие.
Разгневени поради ширењето на христијанството, незнабошците еден ден упаднале во црквата на светиот Архангел Михаил во Сореос. За време на богослужбата го убиле свети Автоном во олтарот, заедно со повеќе христијани кои се наоѓале во храмот.
Во времето на царот Константин, над гробот на свети Автоном бил изграден храм. Околу двесте години по неговата смрт, светителот му се јавил на војник по име Јован, кој потоа ги открил неговите мошти. Според црковното предание, тие биле пронајдени нетлени, а многу болни добиле исцеление.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

