09 мај 2026
• од Темелко Тошев
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска поднесе обвинителен предлог против еден од телохранителите на премиерот Христијан Мицкоски. Припадникот на МВР се товари за кривично дело „Телесна повреда“ извршено при семејно насилство, настан кој ја згрози јавноста со својата бруталност.
Според наводите на Обвинителството, нападот се случил во семејниот дом по претходна вербална расправија. Обвинетиот физички ја нападнал својата сопруга, удирајќи ја во пределот на лицето и главата.
Она што го прави случајот уште потежок е фактот дека насилството се случувало пред очите на нивната малолетна ќерка. Во еден момент, полицискиот службеник ја фатил сопругата за вратот и почнал да ја дави, нанесувајќи ѝ телесни повреди и сериозна психичка траума.
Жртвата успеала накратко да се спаси со тоа што се заклучила во тоалетот. Кога подоцна се обидела да го напушти станот заедно со детето, обвинетиот насилно ѝ го одзел и го оштетил нејзиниот мобилен телефон за да спречи да повика помош.
„Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом и им пружила засолниште“, информираат од Обвинителството.
Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања достави и предлог за продолжување на мерката притвор. Како главни причини за ова барање се наведуваат:
Случајот сега е во рацете на Основниот кривичен суд Скопје, каде се очекува да започне судскиот процес против вработениот во МВР кој наместо да го штити законот, го прекршил на најгруб начин во сопствениот дом.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

