09 мај 2026
• од Темелко Тошев
Алијанса за Албанците, предводена од Зиадин Села, упати остра реакција до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека неговите политики водат кон разнишување и укинување на веќе стекнатите права на Албанците во државата.
Од партијата на Села велат дека нивниот политички ангажман е нераскинливо поврзан со „соборување на режими, унапредување на правата на Албанците и евроатлантската перспектива на државата“, нагласувајќи дека токму тоа останува нивната визија и за во иднина.
Според АА, премиерот Мицкоски отворено признал дека механизмите кои се клучни за меѓуетничката стабилност ги смета за минато.
„Мицкоски денеска призна дека Бадентер, албанскиот јазик и другите права на Албанците припаѓаат на минатото и дека денес и во иднина тој работи тие да не постојат“, се наведува во партиското соопштение.
Од партијата нагласуваат дека периодот кога се носеше Законот за употреба на јазиците, кога доследно се почитуваше Бадентеровиот механизам и кога Уставниот суд не задираше во етничките права, е периодот кој политички го претставува Зиадин Села.
Алијанса за Албанците потсети на низата политички успеси кои ги сметаат за свој легат:
„Горди сме на нашето минато со успеси и достигнувања за Албанците и ви ставаме до знаење дека и иднината ќе биде таква. Зиадин Села е тука и ќе биде уште помоќен заедно со Албанците“, порачуваат од таму.
Во својата реакција, АА повлече паралела меѓу сегашната политичка ситуација и владеењето на Никола Груевски. Тие потсетија дека и во тој период имало тврдења дека тогашната опозиција е „минато“, но дека на крајот „режимот падна, а диктаторот избега“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

