23 септември 2026
• од Тодор Вангелов
Струмичката полиција поднесе кривична пријава против З.М. (34) и А.Т.Г. (30), двајцата од општина Ново Село, осомничени за нелегално производство на дрога.
Според МВР, тие на скриена парцела во месноста „Матник“, во атарот на селото Секирник, ја обработиле почвата и засадиле канабис со цел производство на марихуана.
Полицијата, врз основа на судска наредба, спровела повеќе истражни дејствија и обезбедила докази за нивна поврзаност со насадот. Двајцата биле приведени и задржани во Полициската станица во Струмица.
Од нив биле одземени повеќе стебла канабис со вкупна тежина од околу 680 килограми. Според полицијата, осомничените признале дека семето го засадиле во мај годинава и дека растенијата ги одгледувале за производство на марихуана.
По поднесувањето на кривичната пријава, двајцата биле изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица.
ЕУ одмрзнува 4,2 милијарди евра за Унгарија по реформите за владеење на правото
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

