23 септември 2026
• од Гоце Кически
Полицијата приведе пет лица во два одделни случаи на пожари во Скопје. Во Центар биле запалени подземни контејнери, додека во Бутел пожар избувнал откако бил запален огномет на нива.
Во близина на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, полицијата привела 63-годишен битолчанец. Според МВР, тој претходно бил забележан како подметнува пожар на подземни контејнери на улицата „Максим Горки“.
Пожарот бил изгаснат од скопската противпожарна бригада, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на подрачјето на Бутел биле приведени четири лица на возраст од 20 до 26 години. Тие се сомничат дека запалиле огномет на нива, по што огнот се проширил и изгореле околу 1.000 квадратни метри сува трева.
И овој пожар бил изгаснат од пожарникарите, а полицијата најави соодветен поднесок по завршувањето на постапката.
ЕУ одмрзнува 4,2 милијарди евра за Унгарија по реформите за владеење на правото
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

