22 септември 2026
• од Димитар Стојановски
Венко Филипче тврди дека во Македонија има форма на хибридно влијание преку медиумите и најави дека за случајот ќе бидат информирани претставници на Европската Унија.
Тој посочи дека станува збор за медиумски субјекти поврзани со Србија, при што ги спомена и нивните имиња, како и улогата на српски компании во нивното работење.
Според Филипче, во земјава работат медиумски субјекти кои немаат соодветна дозвола, а нивниот сигнал се реемитува преку Србија. Тој ја обвини Владата дека не реагира на ваквата состојба.
Филипче најави дека во текот на неделата писмено ќе бидат информирани Урсула фон дер Лајен, Антонио Кошта и европската комесарка Марта Кос.
Тој оцени дека зад ваквите активности стојат странски интереси и ја обвини власта дека ги запоставува интересите на државата. Според него, задачата на опозицијата е да ја заштити земјата и да обезбеди напредок и подобра иднина за граѓаните.
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

