07 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Светата првомаченичка Текла, една од најпочитуваните ранохристијански светителки, позната по својата силна вера и истрајност во ширењето на христијанството.
Според црковното предание, Текла била родена во Иконија во богато незнабожечко семејство. На 18-годишна возраст ги слушнала проповедите на апостолот Павле и решила целосно да се посвети на христијанската вера, откажувајќи се од бракот што ѝ бил договорен.
Поради својата одлука била изложена на прогон и повеќепати осудувана на смрт. Преданието раскажува дека била фрлена во оган, но останала неповредена, а подоцна била фрлена и пред диви ѕверови, кои не ја нападнале. По тоа била ослободена и продолжила да го проповеда Евангелието.
Текла подоцна се повлекла во близина на Селевкија, каде што живеела во молитва и им помагала на болните. Според преданието, на крајот од животот се засолнила во карпа која чудесно се отворила, а тоа место станало нејзино последно почивалиште.
Во православната традиција, Света Текла се почитува како првомаченичка и рамноапостолна, поради нејзината мисионерска дејност и непоколебливата верност кон христијанството.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

