30 мај 2026
• од Темелко Тошев
Ивон величковски во своето гостување во „почетна пресметка“ истакна дека донесувањето на уставните амандмани е неопходност и прифатена обврска согласно преговарачката рамка, односно т.н. француски предлог, кој во меѓународната јавност е познат како европски компромис.
тој повика на проактивност од страна на парламентарната опозиција, потенцирајќи дека македонските избрани претставници мора да го направат првиот чекор и да преземат лидерство во овој процес.
„доколку пратениците, особено пратениците македонци го направат тоа, затоа што не треба цело време притисокот да го вртиме кон албанците или воопшто кон немакедонските заедници, туку македонскиот народ преку своите избрани претставници да си ја земе одговорноста и да ги направи потребните чекори“, нагласи величковски во своето излагање.
според него, инсистирањето на овој потег не е само меѓународна обврска, туку е пред сè во најдобар интерес на македонскиот народ и на нацијата на северна македонија.
анализирајќи ја моменталната состојба во законодавниот дом, величковски посочи дека доколку македонската парламентарна опозиција ја покрене иницијативата, иако немаат доволен број на пратеници, тие ќе добијат клучна поддршка. тој очекува дека пратениците албанци, вклучително и претставниците на дуи, ќе го помогнат процесот со сопствен придонес, со што би се отворил патот за поддршка и од другите политички субјекти и финализирање на уставните измени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

