29 мај 2026
• од Темелко Тошев
Пратеникот од редовите на „Европскиот фронт“, Скендер Реџепи, од собраниската говорница за време на седницата за пратенички прашања го потсети премиерот Христијан Мицкоски на негова изјава од 2020 година. Според Реџепи, Мицкоски тогаш истакнал дека еден народ не треба да се дефинира преку проценти и дека за тоа се потребни уставни измени.
„Дури и во 2022 година го потврди истото. Имам копии од изјавите што ги има дадено, каде што вели дека се согласува 20-те проценти во рамките на Уставот да се преименуваат во ‘албански јазик’. Тоа е за поздравување. Ова беше храбар чекор на тогашен опозиционер кој се покажа способен да гради меѓуетничка доверба“, истакна Реџепи.
Пратеникот директно го повика премиерот да го реализира, како што рече, даденото ветување.
„Моето прашање до вас, премиере, е дали ќе ги направите уставните измени? Започнете го тоа како што ветивте во 2020 и 2022 година. Преземете ги заслугите за албанскиот јазик, мојот јазик, конечно да стане дел од Уставот со своето име и да се создаде меѓуетничка хармонија“, додаде Реџепи.
Одговорот на премиерот Мицкоски
Одговарајќи на прозивките, премиерот Мицкоски нагласи дека тој и понатаму поддржува луѓето да не се делат низ призмата на процентите.
Во тој контекст, премиерот најави дека многу наскоро во Собранието ќе се најде на гласање новиот закон за правична застапеност. Мицкоски порача дека со новото законско решение, процентите повеќе нема да бидат важни, туку главниот фокус при вработувањата ќе биде ставен на квалитетот и стручноста на кадрите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

