29 мај 2026
• од Темелко Тошев
Беспилотно летало се урна врз покрив на повеќекатна станбена зграда во романскиот град Галац. Министерството за одбрана во Букурешт официјално потврди дека станува збор за руски дрон, пренесува Би-Би-Си.
Според соопштението на романското Министерство за одбрана, инцидентот е директна последица на новите руски напади во пограничниот регион.
„Во текот на ноќта меѓу 28 и 29 мај, Руската Федерација ги обнови нападите со беспилотни летала врз цивилни и инфраструктурни објекти во Украина, во непосредна близина на речната граница со Романија“, се наведува во официјалното соопштение.
Еден од дроновите користени во нападот навлегол во воздушниот простор на Романија. Романските радарски системи го следеле неговото движење до јужниот дел на градот Галац, каде што леталото удрило во покривот на повеќекатницата.
Генералниот инспекторат за вонредни состојби на Романија ги потврди деталите за експлозијата:
„Пред малку во општина Галац дрон се урна во станбен блок, при што по ударот следеше експлозија и избувна пожар во стан лоциран на 10-тиот кат“, објави Генералниот инспекторат на својот официјален профил на Фејсбук, додавајќи дека пламените јазици се веќе успешно изгаснати.
Галац е важен пристанишен град лоциран на реката Дунав. Неговата географска положба го сместува во непосредна близина на украинското пристаниште Рени, во областа Одеса – регион кој е честа мета на руските воздушни напади врз украинската пристанишна инфраструктура.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

