28 мај 2026
• од Темелко Тошев
Вчера претпладне, 35-годишен скопјанец преживеал вистинска драма откако бил цел на физички напад од група насилници во близина на Транспортниот центар во Скопје. Настанот можел да добие и потрагичен епилог, бидејќи еден од напаѓачите во текот на инцидентот употребил и ладно оружје.
Според официјалните информации од дневниот полициски билтен на Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на такси постојка.
„Вчера во 10:15 часот во СВР Скопје, Д.М.(35) од Скопје пријавил дека кај Транспортен центар во Скопје, на постојка за такси возила бил физички нападнат од неколку лица, при што едното од нив замавнувало и со остар предмет“, информираат од МВР.
Полицијата веќе работи на терен и ги истражува околностите под кои настанала пресметката. Од СВР Скопје потенцираат дека интензивно се преземаат мерки за идентификација на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

