TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Обвинет за „Пулс“ фотографирал доказен материјал и го споделувал со профили – Обвинуваат семејствата на загинатите

27 мај 2026

• од Темелко Тошев

Јавноста е повторно разбранувана по најновото Мислење донесено од страна на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со кое остра се осудуваат објавите на профили на социјалните мрежи. На овие профили беа споделени наводни токсиколошки анализи од загинатите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“, при што јавно беа прикажани имињата на починатите и наводните концентрации на разни супстанци пронајдени при обдукциите.

СЕММ: Вулгарна и бесчувствителна злоупотреба на човечката болка

Веднаш по скандалозните објави, СЕММ излезе со официјално образложение во кое категорично се отфрла ваквиот начин на квази-информирање, потенцирајќи дека ваквиот тип содржини не треба да се поистоветуваат со новинарството.

„Објавената содржина е длабоко спротивна на елементарните принципи на човечко достоинство, сочувствување и јавна одговорност и не ги исполнува ниту основните професионални и етички стандарди на новинарството. Објавувањето форензички и токсиколошки податоци со имиња и презимиња на починати лица, проследено со непотврдени и сензационалистички конструкции, претставува вулгарна и бесчувствителна злоупотреба на трагедија и човечка болка и по ниту еден основ не може да се смета за медиумско информирање,“ стои во Мислењето на СЕММ.

Реакција на семејствата: Евтин публицитет граден врз туѓа несреќа

По објавувањето на одлуката на Советот за етика, со остра реакција се огласија и семејствата на загинатите, здружени во Здружението „16-ти март 2026“. Тие изразија згрозеност од „користењето на починатите како алатка за публицитет, манипулации и перење одговорност на обвинетите“.

Особено загрижувачки, според нив, е обидот да се создаде наратив дека жртвите самите се виновни за својата смрт. Семејствата директно посочуваат како доверливите информации завршиле на социјалните мрежи:

„Доверлив доказен материјал, кој во судница во Идризово најпрвин бил доставен до адвокатите на обвинетите, подоцна делумно бил фотографиран и препраќан од страна на Николчо Гоцев, градежен инспектор од Кочани, преку материјалите доделени на неговиот адвокат Зоран Зафировски, до медиуми и адвокати, со цел во јавноста да се пласира селективна и изобличена ’вистина‘.“

Според нивните сознанија и докази, повеќето етаблирани лица и медиуми одбиле да учествуваат во оваа злоупотреба. Сепак, посочуваат дека профилот насловен „Буре весник“ немал проблем да гради сензационализам и да собира кликови врз грбот на мртвите деца и болката на нивните семејства.

Барање одговорност од институциите

За Николчо Гоцев, по оваа злоупотреба, веќе е во тек истражна постапка за кривично дело. Здружението на семејствата потенцира дека ова ја отвора итната потреба институциите конечно и до крај да утврдат:

  • Кој незаконски ги споделувал селективно доказите?
  • Како доверливи материјали завршувале по квази-медиуми?
  • Во чиј интерес се водеше валканата кампања врз жртвите и нивните семејства?

Порака до објавувачите: Покажете доблест и извинете се

Семејствата јавно се обратија и до профилот кој ги објави спорните анализи, со недвосмислено барање за одговорност:

„Вашите лични битки, суети и агенди со поединци немојте да ги водите газејќи врз 63 изгорени млади животи. Не ги користете мртвите деца како алатка за публицитет, манипулации и перење одговорност на обвинетите. Очекуваме, ако барем малку имате доблест и човечност, јавно да им се извините на семејствата и веднаш да го отстраните објавениот пост.“

Во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, од кои 157 се здобија со тешки телесни повреди.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
28 мај 2026

Милионски инвестиции во фокусот: Светската банка и ЕБОР бараат нови решенија во Бургас

МАКЕДОНИЈА
28 мај 2026

Меџити: Најдено е решение за правосудниот испит, студентите наместо да протестираат, треба да слават

СВЕТ
28 мај 2026

Локален бренд против светските франшизи: Успешната приказна на најголемата бугарска рент-а-кар компанија

МАКЕДОНИЈА
28 мај 2026

Граѓаните во Македонија трошат вртоглави 3 милијарди евра годишно на коцкање

СВЕТ
28 мај 2026

Бугарија ќе добие над 1 милијарда евра од Брисел во јуни

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
28 мај 2026

Албанските студенти му се пожалија на конгресменот Селф: Охридскиот договор и уставните права се под закана

ДРУГО
28 мај 2026

Денеска 28 мај 2026 година се празнува Преподобен Пахомиј Велики

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Горчината на македонскиот работник: Месецот почнува со плата, а завршува со страв и калкулатори

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Утре попладне силно невреме со пороен дожд и град, какви ќе бидат деновите од викендот?

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Скандал или безбедносна проценка: Граѓанин одбиен за државна работа поради бугарски пасош?

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Напад во Аеродром: На велосипедист насилно му бил украден ранец

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Скандал во Кичево: Физичка пресметка меѓу две сестри во Центарот за социјални работи

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Уапсен 55-годишник во тетовско: Следел и вознемирувал малолетничка

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

71-годишен гостиварец ги натепал синот и снаата – полицијата веднаш го уапсила

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Семејна пресметка во тетовско: 70-годишник физички нападнат од неговиот повозрасен зет во маркет

СВЕТ
27 мај 2026

НЕОЧЕКУВАН СВРТ КАЈ СОСЕДИТЕ: Бугарите престанаа да се иселуваат, еве кој ја спасува демографијата

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Љубчо Георгиевски: Глумиме цврстина кон Бугарија, а правиме десетпати поголеми предавства кон Србија

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Струмичанецот Георгиев: Македонскиот идентитет е производ на Коминтерната, не можеш да бидеш Бугарин и проруски ориентиран

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Џељо Хоџиќ: Оваа власт која сега владее со Република Северна Македонија се обидува да дефокусира со меѓуетнички тензии

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Спречен обид за криумчарење: Двајца косовски државјани приведени на автопатот Гевгелија – Неготино

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Заменик-министерот Шабани најави вработување на 10 Албанци во Министерството за одбрана: Се зголемува праведната застапеност

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

„Албанството е со Скопје!“: Протест во Тирана за поддршка на албанските студенти во Северна Македонија

МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

СДСМ: Стоилковиќ отворено ја турка Македонија во прегратките на Кина, власта го крие ова од јавноста

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
27 мај 2026

Здравството во Северна Македонија на европското дно: Граѓаните незадоволни од услугите и инфраструктурата

ДРУГО
27 мај 2026

Денес 27 мај 2026 година се празнува Светиот маченик Исидор

МАКЕДОНИЈА
26 мај 2026

Анализа на „Катимерини“: Историската поделба меѓу Македонците и Албанците останува фактор на нестабилност

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега