09 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Христијан Пендиков излезе со остра реакција во врска со случајот на 22-годишната Ива Михаилова, оценувајќи го нејзиниот третман како доказ дека земјата не се европеизира и не ги почитува основните човекови права.
Според Пендиков, односот на институциите кон Михаилова е загрижувачки и претставува сериозно кршење на правото на здравствена заштита, кое е загарантирано за секој граѓанин.
„Самиот случај на Ива е индикативен дека земјата не се европеизира затоа што не ги почитува основните човекови права, пред сè, правото на лекување. Секој поединечен човек, без разлика дали е виновен или невин, има право да се лекува. Тоа е најважното нешто“, истакна Пендиков во својата изјава.
Тој додава дека отсуството на слух за овие основни права укажува на подлабок системски проблем: „Ако не го промениле ова, нема да ги променат ниту другите работи.“
Пендиков открива вознемирувачки детали за секојдневието на младата девојка, тврдејќи дека таа подолго време е мета на строги рестрикции кои сериозно влијаат врз нејзиното психичко здравје.
„Малтретирањето што го доживува Ива веќе девет месеци е многу големо, особено менталното. Нејзе ѝ е забрането да го напушти самиот град Кочани,“ објаснува тој.
Дополнителен товар за Михаилова, според неговите зборови, се честите полициски контроли.
Затворајќи ја својата изјава, Пендиков заклучи дека ваквиот ригорозен третман од страна на надлежните органи претставува „голема ментална тортура за едно лице, а особено за млада девојка од дваесет и две години.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

