07 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Православната црква и верниците денеска го одбележуваат празникот посветен на Третото наоѓање на главата на свети Јован Крстител, еден од најважните пророци, Претеча и Крстител на Исус Христос.
Овој празник е потсетник на бурната историја на христијанските светињи и нивното чување низ вековите.
Според црковните записи и историските преданија, патот на моштите на свети Јован Крстител бил исполнет со многу преместувања поради заштита од сквернавење.
Свети Јован Крстител во христијанскиот свет е познат како Претеча, бидејќи го подготвувал народот за доаѓањето на Спасителот и го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан. Неговиот живот бил обележан со строг аскетски подвиг во пустината, проповедање на покајанието и бескомпромисна борба за вистината.
Неговата маченичка смрт настапила откако царот Ирод Антипа, по наговор на Иродијада и нејзината ќерка Саломија, наредил да му биде отсечена главата. Поради тоа, христијанската црква востановила неколку празници во текот на годината посветени на различни настани поврзани со неговиот живот и неговите мошти.
Денешниот празник ги повикува верниците на молитва, духовно очистување и потсетување на цврстата вера која опстојува и во најтешките историски искушенија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

