06 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Очигледната „малодушност“ на премиерот Христијан Мицкоски во Тиват, колку и да се обидуваше да ја скрие, се должи само на едно. Под жешкото црногорско сонце тој уште еднаш се соочи со „студената“ вистина: Бугарите во Уставот не е билатерално, туку европско прашање.
Иако ова неколку пати и претходно му беше јасно предочено, овој пат пораката стигна од највисоките европски инстанци. Прво Антонио Кошта во Скопје, два дена пред самитот, а потоа и бугарскиот претседател Румен Радев, јасно и недвосмислено порачаа: Прво Бугарите во Уставот, па потоа отворање конкретни преговори. До тогаш, ЕУ сака да види видливи реформи и посветеност кон европските вредности и агенда.
Изјавата на Радев, која не ја оспорува ниту еден од европските лидери, не е изолирана дипломатска порака. Таа е потсетување дека Бугарија успеа своето барање цврсто да го вгради во европскиот процес.
Тоа што Мицкоски објави фотографија со пријателско ракување со Емануел Макрон не е ништо друго освен театрална понуда на францускиот претседател за „раме за плачење“. Впрочем, Макрон е добро познат како политички „театарџија“. Но, толку од театарчето, бидејќи во реалноста сликата е сосема поинаква.
Во Тиват, наместо заедничка декларација, Европската Унија издаде соопштение во кое јасно се трасира патот:
„Европските лидери ги поздравуваат реформите и ја потврдуваат својата посветеност на процесот на проширување на ЕУ базиран на заслуги. Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат клучни за целосно искористување на придобивките од поблиската интеграција.“
Исто така, се нагласува важноста од понатамошно зајакнување на соработката во надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
Европските лидери го искористија самитот ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора за да понудат побрз пат кон Унијата. По децении двоумење, руската инвазија на Украина во 2022 година го обнови интересот на Брисел за проширување (листа на која сега чекаат и Украина и Молдавија, заедно со шесте балкански земји).
На самитот беа испратени три клучни пораки за иднината на проширувањето:
Додека Брисел долго време ја застапуваше идејата сите балкански земји да се движат напред во пакет, реалноста на терен прави јасна дистинкција:
На крајот на денот, пораката од Тиват за македонската влада е кристално јасна: европскиот пат бара тешки одлуки дома, а не само срдечни ракувања во странство.
Пишува: Зоран БОЈАРОВСКИ За порталот Рацин.мк
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

