25 мај 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската новинарка Деница Китанова од порталот „Актуално.бг“ (aktualno.bg) објави статија испровоцирана од неодамнешните изјави дадени на собирот во Куманово, организиран како поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ.
Имено, во видео кое масовно се споделува на социјалните мрежи, еден граѓанин за српската „Happy TV“ тврди дека не постои разлика помеѓу македонскиот и српскиот народ. Според неговите зборови, тоа било „докажано 96% преку ДНК анализа“. Изјавата веќе предизвика лавина од реакции, жестоки дебати и потсмев, најмногу поради фактот што граѓанинот воопшто не прецизира на кое научно истражување се повикува.
Како директен одговор на овие тврдења за српско-македонска генетска врска, новинарката Китанова во својот текст се повикува на едно грчко истражување. Таа потсетува на неодамна популаризираната студија од 2020 година, спроведена од грчкиот професор по генетика, Константинос Триантафилидис.
Во неговата книга насловена „Генетската историја на Грците“, авторот ги споредува гените на Грците со останатите балкански народи. Повикувајќи се на овој труд, порталот „Актуално.бг“ нагласува дека населението во Република Северна Македонија има убедливо најголема генетска сличност со Бугарите, а не со Србите или Грците.
Според интерпретацијата на новинарката, оваа книга го докажува потеклото на населението во нашата држава и истовремено ги отфрла тезите дека Бугарите се Татари или Монголи, како и тврдењата дека современите Македонци се директни потомци на Александар Македонски.
Клучниот заклучок што го извлекува Китанова од грчкото истражување е дека Словените од Република Северна Македонија – кои претставуваат најголема етничка група во земјата – генетски се групирани со Бугарите.
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

