26 август 2026
• од Темелко Тошев
Бугарија има добиено околу 70% од средствата предвидени со европскиот План за закрепнување и отпорност (ПЗО), а главната цел е да се искористат над 95 отсто од нив. Ова го истакна бугарскиот вицепремиер Атанас Пеканов во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ).
Пеканов посочи дека во последните месеци активно се работело на остварување на поставените цели, додавајќи дека дел од нив биле запоставени подолго време. Според него, во изминатите пет години е завршена значителна работа поврзана со Планот, иако тој признава дека имало и одредени доцнења.
Како позитивен пример за искористувањето на овие средства, вицепремиерот го посочи пристигнувањето на новите возови во земјата. Тој нагласи дека патничкиот железнички сообраќај во Бугарија се обновува на високо ниво, преку набавка на модерни и удобни композиции.
Иако набавката на возовите во еден момент била под ризик, Пеканов истакна дека благодарение на напорната работа тие веќе се пристигнати. Тој додаде дека претстои уште многу работа на железничката инфраструктура, но потенцираше дека од некаде мора да се почне.
Првите два од вкупно 35 нови возови произведени од компанијата „Алстом“ ќе бидат пуштени во сообраќај на почетокот на септември. Досега се испорачани 12 возови, а преостанатите 23 се очекува да бидат готови и испорачани до април 2027 година.
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

