26 август 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица упати остри критики кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска, обвинувајќи ја дека износот на субвенционираниот студентски оброк не е зголемен веќе три години, спротивно на законската обврска за негово усогласување.
Според партијата, износот од 140 денари е непроменет уште од 2023 година. Истата сума била предвидена и во јавните повици на Министерството за образование и наука за 2024 и 2025 година, како и за претстојната академска 2025/2026 година.
„Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката сега соопшти дека не планира да го зголеми бидејќи студентите не се пожалиле“, стои во реакцијата на Левица.
Од партијата ја обвинуваат министерката дека почитувањето на законските права на студентите го условува со нивни поплаки, наместо МОН самоиницијативно да ги спроведува своите обврски. Тие реагираат и на тврдењата дека оброкот бил покачен по доаѓањето на новата влада, нагласувајќи дека уште во повикот објавен во август 2024 година, во мандатот на актуелната власт, сумата останала иста.
„Нема ни 147, ни дополнителни 20 денари со кои продолжува да се тврди дека студентскиот оброк се зголемил по доаѓањето на ДПМНЕ“, додаваат од Левица.
Оттаму прашуваат како е возможно со 140 денари денес студентите да обезбедат нутритивно вреден и здрав оброк, со оглед на енормното зголемување на цените на прехранбените производи. Воедно, забележуваат на двојни стандарди – посочувајќи дека за функционерските привилегии не се чекаат поплаки, додека студентите се оставени сами да молат за нешто што им е законски уредено право.
Според пресметките на Левица, поради неусогласувањето на студентскиот оброк со законските одредби во изминатиот период, студентите се оштетени за сума од околу 6,5 милиони евра.
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

