26 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остри критики кон актуелната владина политика во однос на евроинтеграциите и регионалните односи. Според него, државата води несериозна политика кон Брисел, додека истовремено видливо е додворување кон „српскиот свет“.
Анализирајќи ја политичката ситуација по последните избори, Георгиевски посочува дека тврдата предизборна реторика не стивнала, туку напротив, продолжила со исто темпо и кулминирала со апсурдни позиции каде Македонија се обидува да ѝ поставува услови на Европската Унија.
Тој смета дека актуелните политички ставови од типот „ако сакате да влеземе во ЕУ, треба да го направите тоа и тоа“, се контрапродуктивни и несериозни за меѓународната заедница.
„Ако сега малку се разбираш од политика и седиш во Брисел, не во Софија, туку во Брисел, ќе речеш – овие сега се зафркаваат со Европската Унија, нели е така?“, коментира Георгиевски.
Паралелно со нејасниот однос кон Европската Унија, Георгиевски забележува тренд на приближување кон српската политика од страна на домашните политички актери. Тој отворено критикува дека одредени фигури прават сè за да се вклопат во српската агенда.
Во тој контекст, тој го спомена и поранешниот претседател Стево Пендаровски, како и други политичари, за кои вели дека сè почесто оставаат впечаток дека „сакаат многу да ѝ се допаднат на српската политика и на српскиот свет“.
Според Георгиевски, ваквиот пристап носи директни негативни последици за македонските државни интереси.
„Очигледно тоа додворување на целата таа политика значи Македонија да биде зад Србија секогаш. Дали е тоа свесно или несвесно, де факто резултатот е тој“, заклучува Георгиевски.
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

