26 август 2026
• од Темелко Тошев
Премиерот на Република Косово, Албин Курти, денеска престојува во официјална посета на Скопје. Главниот повод за неговото доаѓање е одбележувањето на роденденот на светски познатата хуманитарка и светица, Мајка Тереза.
Курти ќе присуствува на централната манифестација што ќе се одржи во Музејот на современата уметност (МСУ), организирана под покровителство на првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали.
Во рамките на агендата, косовскиот премиер ќе застане на чело на владината делегација која ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на местото каде што се наоѓала родната куќа на Мајка Тереза, во строгиот центар на главниот град.
Поради најавените активности и движењето на делегацијата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во текот на целиот ден спроведува мерки за посебен сообраќаен режим на повеќе клучни сообраќајници низ градот.
Од полицијата апелираат до сите возачи и граѓани што учествуваат во сообраќајот да покажат трпение и строго да ги почитуваат насоките и наредбите од полициските службеници на терен.
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

