20 август 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот премиер Румен Радев оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Рјуте, на кој главна тема беше безбедносната состојба во Европа во контекст на евентуалниот ризик од агресивни дејствија од страна на Иран, информираат од прес-центарот на бугарскиот Совет на министри.
Разговорот следи по неодамнешните тврдења во странските медиуми за можни безбедносни закани. За време на разговорот, Рјуте лично ја потврдил целосната поддршка и подготвеноста на одбранбените сили и средства на НАТО во регионот да реагираат и да неутрализираат секаква закана насочена кон земјите-членки на Алијансата.
Од бугарската влада додаваат дека подготвеноста за сигурна одбрана е веќе докажана со неодамнешното успешно пресретнување на балистички ракети насочени кон Турција. Уште еднаш беше категорично нагласено дека секој напад врз земја-членка на НАТО ќе се третира како напад врз целата Алијанса, со сите дејствија кои произлегуваат од Северноатлантскиот договор.
Потсетуваме дека претходно британски „Фајненшл тајмс“ објави дека Иран разгледувал опции за нанесување удари по американски воени објекти во Европа, а поконкретно во Бугарија. Ова сценарио било разгледувано во случај американскиот претседател Доналд Трамп да нареди нова ескалација против Исламската Република.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

