20 мај 2026
• од Темелко Тошев
Животот во Македонија станува сè поскап, а платите на граѓаните незапирливо ја губат битката со инфлацијата. Најновата анализа на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) открива алармантни податоци: во изминатите пет години, трошоците за живот буквално се удвоиле, односно вредноста на синдикалната минимална кошница пораснала за неверојатни 103%.
Од друга страна, растот на приходите ни оддалеку не го следи ова темпо. Во истиот петгодишен период (2021–2026 година), минималната плата пораснала за 71,4%, додека просечната плата забележала раст од 63,9%. Овој голем јаз јасно покажува дека куповната моќ на работниците е во сериозен пад.
Дека животниот стандард оди во надолна линија најдобро илустрираат математичките соодноси меѓу платите и реалните трошоци:
Од Синдикатот алармираат дека работниците се оставени сами на себе и дека досегашните економски политики не успеале да го заштитат стандардот на граѓаните.
Иван Пешевски од ССМ посочува дека ниту претходната, ниту моменталната извршна власт не понудиле решенија што ќе го запрат овој негативен тренд.
„Нашата анализа за последните 5 години покажува дека животот е поскап за точно 103%, што е многу ако се спореди порастот на минималната и просечната плата. Животот во Македонија од ден на ден станува сè поскап и ни претходната ни оваа влада не донесоа конкретни мерки со кои би се зачувал животниот стандард на работниците. Затоа постојано апелираме и бараме да се покачуваат платите, но тоа покачување некако е изедено од инфлацијата“, изјави Пешевски.
Синдикатите порачуваат дека без итни, конкретни мерки за заштита на стандардот и подинамичен раст на платите кој ќе ги следи реалните трошоци, семејниот буџет на просечниот македонски работник ќе продолжи да се топи.
Новите блокови на АЕЦ „Козлодуј“ ќе донесат 55 милијарди евра за бугарската економија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

