19 мај 2026
• од Темелко Тошев
Копретседателот на коалицијата „ВЛЕН“ (ВРЕДИ), Изет Меџити, во интервју за „Еуроњуз Албанија“ изјави дека прашањето за стручните испити и лиценцирањето на албански јазик се решава низ институционален пат.
Според Меџити, студентите и младите луѓе денес не протестираат за некое право кое им е скратено во моментов, туку поради последиците од претходните политики кои оставиле големи празнини во оваа област.
Тој истакна дека досега се преземени конкретни чекори во однос на лиценцирањето на лекарите, стоматолозите и воспитувачите во градинките и предучилишните установи. Со овие промени, како што вели тој, се овозможува стручните испити за првпат да се одржуваат и на албански јазик на републичко ниво.
„Студентите денес не протестираат за право што им е ускратено, ова е последица на половичните политики што останаа од минатото. Досега го решивме прашањето за лиценците за лекарите, стоматолозите и воспитувачите, и за првпат стручните испити се одржуваат на албански јазик“, нагласи Меџити.
Меџити додаде дека на неодамнешната средба со премиерот Христијан Мицкоски е постигнат договор, младите кои своето образование го следеле на албански јазик, да можат стручните испити и лиценците да ги полагаат и добиваат на својот мајчин јазик.
Според него, ова претставува многу важен институционален чекор во насока на обезбедување јазична еднаквост во процесите на професионално лиценцирање во државата.
УЖАС ВО КАРПОШ: 18-годишна девојка нападната и прободена пред скопска дискотека
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

