20 мај 2026
• од Темелко Тошев
Полицијата приведе 62-годишен жител на општина Старо Нагоричане, откако синоќа свирепо усмртил куче во сопствениот двор.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил на 19 мај, околу 23:00 часот, во селото Макреш.
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т. (62). Тој е осомничен дека во својот кокошарник, со употреба на тврд предмет, го лишил од живот кучето.
„На 19.05.2026 година околу 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од село Макреш, општина Старо Нагоричане, затоа што во неговиот кокошарник со тврд предмет усмртил куче“, се вели во соопштението на полицијата.
Осомничениот веднаш бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Од полицијата најавуваат брзо расчистување на случајот.
Според Кривичниот законик на РСМ, мачењето и убивањето животни е кривично дело за кое, во зависност од околностите, се предвидени парични казни или казна затвор.
Новите блокови на АЕЦ „Козлодуј“ ќе донесат 55 милијарди евра за бугарската економија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

