18 мај 2026
• од Темелко Тошев
„Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа според WorldAtlas, додека премиерот Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за економски раст и трета економија во Европа“, обвинуваат од опозициската СДСМ.
Од партијата посочуваат дека реалноста со која се соочуваат граѓаните е драстично спротивна од владините тврдења, што се рефлектира преку осиромашениот семеен буџет, високите цени и се потешкото секојдневие.
Според СДСМ, алармантната состојба во државната каса е потврда на нивните претходни предупредувања.
Опозицијата обвинува дека Владата недостигот на средства го компензира со интензивно задолжување, кое, според нив, станува неодржливо.
„Владата се задолжи за нови 260 милиони евра, иако во првиот квартал Мицкоски веќе создаде долг од 700 милиони евра. Индикативно е што побарувачката беше за 300 милиони, но банките понудија помалку, што укажува дека дури и финансискиот сектор ги оценува политиките на Владата како ризични“, велат од СДСМ.
Според партиските пресметки, од доаѓањето на власт до денес, јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра.
„Мицкоски е економски дилетант кој младите генерации ги турка во должничко ропство, а земјата ја води кон изолација“, заклучуваат од СДСМ.
УЖАС ВО КАРПОШ: 18-годишна девојка нападната и прободена пред скопска дискотека
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

