05 октомври 2026
• од Гоце Кически
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова призна дека со месеци не одговорила на писмото од бугарската претседателка Илијана Јотова за случајот со Ива Михаилова, иако прашањето директно се однесува на нејзината тешка здравствена состојба и потребата да ѝ се обезбеди соодветна медицинска грижа.
Во услови кога здравјето на Михаилова е најчувствителното прашање во случајот, Сиљановска-Давкова рече дека свесно не одговорила на писмото, бидејќи сакала за него лично да разговара со Јотова.
„Јас не сум прозборела сè уште за ова писмо, зашто сакав кога ќе се видиме да ѝ кажам дека не одговарам“, изјави Сиљановска-Давкова.
Таа нагласи дека е запознаена со проблемите поврзани со здравствената состојба и лекувањето на Михаилова. Во овој момент, клучно е Ива да добие навремена и соодветна здравствена заштита.
Сиљановска-Давкова потврди дека Северна Македонија е отворена и за ангажирање бугарски лекари. Според неа, медицински тим од Бугарија може да дојде во земјата и заедно со македонските лекари да помогне во лекувањето на Михаилова.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

