25 јули 2026
• од Темелко Тошев
Водата за пиење во општина Пласница е неисправна, а институциите реагираат дури по пет дена, соопшти денеска СДСМ, критикувајќи го она што го нарекуваат „безгрижен однос“ на власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Според соопштението на партијата, градоначалникот на Пласница јавно изјавил дека изворот Студенчица, од кој доаѓа водата, го користат и општините Прилеп, Кичево, Македонски Брод, Долнени и Крушево.
„Ако сè е поврзано на истиот водовод, постои голема веројатност проблемот да е многу поширок“, се наведува во партиското соопштение.
СДСМ остро ги критикува надлежните институции, истакнувајќи дека градоначалникот ги повикал, но одговорот бил дека ќе дојдат дури пет дена подоцна.
„Пет дена граѓаните да продолжат да ја користат водата додека некој конечно не дојде да земе примерок и да направи анализа. Ова е токму она за што зборуваме деновиве. Ова е односот на институциите предводени од Мицкоски и организираната криминална група ВМРО кон граѓаните“, стои во соопштението.
Партијата потенцира дека ќе ги остават граѓаните да пијат вода пет дена, па дури потоа ќе проверуваат дали е безбедна, оценувајќи дека така функционира целата држава под власта на Мицкоски.
Како контраст, ССМ посочува дека единствено место каде што институциите се ажурни се тендерите. „Таму не се чека. За фирмите блиски до ВМРО сè се решава веднаш. За здравјето на граѓаните – пет дена чекање. За тендерите – истиот ден“, заклучуваат од партијата.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

