25 јули 2026
• од Темелко Тошев
Православната црква и верниците денеска го одбележуваат споменот на Светите маченици Прокл и Илариј, светители кои со својот живот и маченичка смрт оставиле вечен пример за непоколеблива вера и храброст.
Овие славни маченици биле родум од местото Калипта во Азија и биле поврзани не само преку крвта, туку и преку силната вера во Христа – Прокл му бил чичко на Илариј. Нивното страдање се случило во времето на владеењето на римскиот цар Трајан, период познат по суровите прогони на христијаните.
Според преданието, кога Прокл бил фатен и изведен пред судијата, од него било побарано да го открие своето потекло. На прашањето: „Од кој род си?“, Прокл дал одговор кој и денес одекнува како симбол на вистинската христијанска преданост:
„Христос ми е род и надеж и Бог.“
Испровоциран од ваквата храброст, судијата почнал да му се заканува со страшни мачења доколку не се откаже од својата вера. Но, Прокл не се исплашил, туку му одржал лекција по верност и морал:
„Кога вие се плашите да ги престапите царските заповеди за да не паднете во краткотрајни маки, колку ли ние христијаните се плашиме да ја престапиме заповедта Божја за да не паднеме во вечни маки!“
Додека суровите џелати го мачеле Прокл, неговиот внук Илариј не останал настрана. Инспириран од цврстината на својот чичко, тој доброволно му пристапил на судијата и храбро извикал:
„И јас сум христијанин!“
Поради нивното одбивање да се поклонат на паганските идоли и по многуте претрпени мачења, двајцата биле осудени на смртна казна. Прокл бил распнат на крст, додека на Илариј му била отсечена главата со меч.
Како што запишало нивното житие, по овие земни страдања, обајцата маченици заминале во вечноста и во радоста на Господ, каде што и денес се молат за оние кои го слават нивниот спомен.
Нека им е вечна славата!
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

