25 јули 2026
• од Тодор Вангелов
Полициска акција во село Муртино, струмичко, заврши со приведување на тројца жители од соседното село Банско. Тие се осомничени за поседување и дистрибуција на дрога.
Ноќта на 23 јули, околу 22:30 часот, полициски службеници од СВР Струмица запреле патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки во кое се наоѓале Ф.Р. (29), Е.И. (31) и С.Ш. (24). При преглед на автомобилот, службениците пронашле кокаин и марихуана.
Тројцата веднаш биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица. Следниот ден, на 24 јули, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на Е.И. во село Банско. При претресувањето, полицијата пронашла уште марихуана.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на настанот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

