24 јули 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската фондација „Македонија“ најави дека подготвува објавување на „национална мапа“ на која ќе бидат прикажани наводните бизниси на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и на неговиот близок олигархиски круг на територијата на Бугарија.
Во интервју дадено за бугарската телевизија Евроком, претставниците на фондацијата, предводени од Виктор Стојанов, изнесоа тврдења дека Мицкоски поседува деловни интереси во нивната држава. Според изјавите дадени за телевизијата Евроком, станува збор за бизниси кои се занимаваат со транспорт и транспортни услуги, како и со трговија на мало со прехранбени производи. Овие бизниси, според нивните тврдења, се главно концентрирани во југозападниот регион на Бугарија.
Како што беше истакнато во гостувањето, целта на објавувањето на оваа мапа е бугарското општество да биде детално запознаено со деловните активности на Мицкоски, но и да се покаже како наводно преку овие компании се финансира „антибугарската пропаганда“ во Северна Македонија.
Веднаш по презентирањето на мапата, фондацијата планира да започне општонационална кампања во Бугарија за бојкотирање на услугите и производите поврзани со овие компании. Дополнително, најавено е и масовно поднесување на пријави до надлежните бугарски државни институции со тврдења и сомнежи за евентуално прикривање на даноци, односно даночно затајување од страна на овие субјекти.
Оваа нова активност на фондацијата „Македонија“ доаѓа откако организацијата неодамна се откажа од најавените блокади на граничните премини со Северна Македонија. Откажувањето следеше по повикот од бугарското Министерство за надворешни работи и нивниот амбасадор во Скопје, кои порачаа дека на омразата не треба да се одговара со омраза и дека е во интерес на двете земји да се задржат отворени економските и културните врски.
Извор: <!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!----><!---->https://eurocom.bg/2026/07/24/fondatsiya-makedoniya-razkri-karta-na-biznesa-na-mitskoski-v-balgariya-s-tvardeniya-za-eventualno-ukriti-danatsi-video/
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

