25 јули 2026
• од Димитар Стојановски
Специјалниот претставник на НАТО за јужното соседство, Хавиер Колимина, престојуваше во посета на Катар, каде оствари средби со високи претставници на државата и вооружените сили.
Како што соопштија од Алијансата, г-дин Колимина се сретна со д-р Мариам бинт Али бин Насер Ал-Миснад, државен секретар за меѓународна соработка, и со генерал-полковник Јасим бин Мохамед Ал-Манаи, началник на Генералштабот на вооружените сили на Катар.
За време на средбите, Колимина ја потврди солидарноста на НАТО со партнерите од Персискиот Залив во светлината на тековните неселективни напади на Иран и ја повтори силната осуда на Алијансата.
Разговорите, како што се наведува, биле фокусирани на развојот на регионалната безбедносна средина и можностите за продлабочување на соработката меѓу НАТО и Катар. Г-дин Колимина ја поздрави неодамнешната поддршка на Индивидуално прилагодената програма за партнерство (ITTP) и разговараше за спроведувањето на четирите водечки проекти на Истанбулската иницијатива за соработка (ICI), кои беа лансирани на Сатот на НАТО во Анкара претходно овој месец.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

