25 јули 2026
• од Темелко Тошев
Нов еколошки инцидент ги вознемири граѓаните откако невообичаена, бела и пенеста супстанца го прекри делот каде што реката Лепенец се влева во реката Вардар.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со инспекциските служби, веднаш излезе на терен за да ја утврди состојбата. Тој истакна дека, иако оваа проблематика е во директна надлежност на Министерството за животна средина, надлежните служби веќе имаат земено мостри од водата и детално ќе се истражува кој е предизвикувачот на ова загадување.
Ѓорѓиевски испрати остро предупредување до загадувачите, нагласувајќи дека повеќе нема да се толерира негрижата кон природата.
„Вакви случаи и неодговорно однесување имало и претходно, но овојпат ќе има конкретна акција и санкции“, дециден е Ѓорѓиевски.
По должината на реката Лепенец функционираат неколку компании кои би можеле да бидат потенцијални извори на загадувањето, а самиот речен тек доаѓа од територијата на соседно Косово.
Се очекуваат резултатите од лабораториските анализи на земените мостри, по што треба да се открие точниот состав на пенестата материја и конечно да се лоцира и казни виновникот за овој еколошки инцидент.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

