24 јули 2026
• од Темелко Тошев
Унгарската компанија „Електробус Икарус“ и австриската ЕВН се избрани како најповолни понудувачи и на вториот повик за набавка на 150 нови електрични автобуси, од кои 100 се наменети за Скопје, а 50 за останатите градови низ Македонија. Но, она што привлекува внимание во новиот договор е драстичната разлика во цената во однос на првиот, поништен тендер.
Според информациите од Министерството, како што пренесува „Фокус“, најниската понудена цена на електронската аукција изнесува вкупно околу 50 милиони евра (3.120.956.004 денари) без ДДВ. Во оваа сума е пресметано дека еден автобус чини приближно 322.000 евра (19.796.924 денари без ДДВ), додека една станица за полнење чини околу 30.000 евра без ДДВ.
Тендерот ист, цената повисока
Проблемот настанува кога ќе се направи споредба со првичната постапка која пропадна. На првиот тендер, цената за еден автобус од истиот производител изнесуваше околу 314.000 евра. Ова значи дека со повторувањето на постапката, истиот понудувач го добива тендерот, но сега со повисока цена за дури 8.000 евра по возило.
Кога оваа разлика ќе се помножи со бројката од 150 планирани автобуси, се доаѓа до вкупна сума од над 1,2 милиони евра – средства за кои државата ќе плати повеќе само за самите возила во однос на првичната понуда.
Пропуштена шанса за спас на старите автобуси
Оваа разлика од 1,2 милиони евра отвора сериозни прашања за тоа како можеа да се искористат овие пари за подобрување на веќе постоечкиот јавен превоз. Според проценките, оваа сума ќе беше повеќе од доволна за темелно сервисирање на постоечките кинески и украински автобуси.
Со тие пари можеше конечно да се реши еден од најголемите проблеми на патниците – поправка на нефункционалните уреди за климатизација во текот на летните горештини, крпење на уништените седишта, како и целосно хемиско чистење на запуштените возила. Наместо тоа, овие средства ќе ја покријат разликата во цената која настана поради повторувањето на тендерската постапка.
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

