25 јули 2026
• од Темелко Тошев
Аналитичарот и јавна личност Агим Селами предизвика внимание и дебати на социјалните мрежи со својата најнова објава. Тој сподели инфографик кој ја прикажува виталната статистика по етничка припадност за 2025 година, давајќи свој заклучок за демографските трендови во земјата.
Коментирајќи ги бројките, кои покажуваат драстична разлика во природниот прираст меѓу различните етнички заедници, Селами на својот профил напиша:
„Од табелава испаѓа дека само Албанците - муслиманите гледаат иднина во оваа држава.“
Според податоците прикажани на фотографијата, на ниво на цела држава се бележи негативен природен прираст од -4.437. Вкупниот број на родени изнесува 15.850, додека бројот на умрени е значително поголем – 20.287.
Сепак, кога податоците ќе се разделат по етничка припадност, се забележуваат големи контрасти:
Коментарот на Селами се надоврзува токму на овој тренд, каде македонското население бележи сериозна негативна стапка, додека албанската заедница (но и турската и ромската) има повеќе родени отколку починати лица. Оваа објава веќе започна да шири дискусии низ социјалните мрежи за тоа кои се причините за ваквите демографски поместувања и иселувањето.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

