23 јули 2026
• од Елена Иванова
Жителите на Крушево се предупредени да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење поради утврдена бактериолошка неисправност. Наместо тоа, се препорачува користење на пакувана вода.
Според известувањето на ЈП „Комуна“ Крушево и Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути.
Од ЈП „Комуна“ информираат дека редовно се врши хлорирање на водата и секојдневно се контролира присуството на хлор во водоводната мрежа.
Мерките ќе останат во сила сè додека не бидат добиени три последователни исправни примероци од водата. Центарот за јавно здравје – Прилеп најави дека ќе продолжи да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста.
Дополнително, бактериолошка неисправност е утврдена и кај крајпатните чешми кај Бензинската пумпа и „Света Петка“, поради што тие не смеат да се користат како извор на вода за пиење.
Каде се вардарците? Скромна посетеност на Арената за 79. роденден на најтрофејниот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

