14 јули 2026
• од Темелко Тошев
По изгласувањето на реконструкцијата на Владата во Собранието, од коалицијата ВЛЕН порачуваат дека процесот на промени во државата продолжува. Од партијата истакнуваат дека влегуваат во нова фаза на владеење, со зголемена одговорност и со кадри кои се одликуваат со професионалност, знаење и интегритет. Во рамките на реконструкцијата, ВЛЕН застана на чело на неколку клучни ресори: Професорот Јетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда. Агон Ферати е нов министер за односи меѓу заедниците. Седат Сулејмани го презема Министерството за култура и туризам. Со овие промени, коалицијата излегува со уште посилни политички позиции, раководејќи со вкупно шест министерства. Покрај новодобиените, тие продолжуваат силно и преку своите кадри во министерствата за економија, животна средина и евроинтеграции. „Мисијата на ВЛЕН е да изградиме посилни институции и чесно да им служиме на граѓаните“, се наведува во соопштението на коалицијата. Оттаму нагласуваат дека новите именувања не се само промена на имиња, туку јасна порака дека институциите мора да им служат на граѓаните, а не на теснопартиските интереси. „Ова е крај на логиката на привилегии и почеток на пристап кој ќе се мери единствено преку работа, резултати и одговорност“, велат од ВЛЕН. Коалицијата порачува дека со нова енергија, подготвени кадри и јасна визија ќе продолжат да бидат гласот на граѓаните и гарант за реформите. Сите нивни министри ќе бидат постојано оценувани според сработеното и резултатите постигнати за државата. Со овој пристап, ВЛЕН верува дека ќе докаже оти политиката може да се води достоинствено и професионално, штитејќи го јавниот интерес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

