12 јули 2026
• од Темелко Тошев
Нов сериозен скандал ја тресе полицијата откако осомничен за трговија со дрога успеал да избега директно од просториите на Полициската станица во Кочани. Опозициската СДСМ денеска излезе со остри обвинувања кон министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, барајќи одговорност за, како што велат, тешки пропусти, злоупотреби и очигледна спрега на власта со криминалното подземје.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил на 10 јули 2026 година во 20:35 часот. Лицето А.Л. (41) од Кочани, кое претходно било задржано поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, отворило прозорец од просторијата во која престојувало и се дало во бегство.
Осомничениот бил уапсен пред два дена заедно со уште две лица, откако при претрес на автомобил „Субару“ со кочански регистарски ознаки (во кој тој бил сопатник), била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Како што претходно објави неделникот „Фокус“, осомничениот е близок до пратеник од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, што дополнително ги подгрева политичките тензии околу овој случај.
Од СДСМ преку соопштение прашуваат кој дозволил наркодилерот да избега и зошто тој не бил соодветно обезбеден во ќелија.
„Панче Тошковски не смее да молчи. Јавноста има право да знае: Кој е одговорен за овој скандал? Дали има грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот А.Л. викан Цуната, кој се поврзува и со дискотеката ‘Пулс’ во Кочани?“ – се наведува во реакцијата на партијата.
Партијата директно ги прозива локалните полициски и политички функционери, поставувајќи ги следните прашања:
Ситуацијата добива на тежина со оглед на информациите дека Обвинителството веќе подготвувало предлог за определување мерка притвор за осомничениот. За СДСМ, ова го прави случајот уште посериозен и наложува итна и темелна истрага.
„Бараме веднаш да се утврди одговорноста на сите инволвирани службени лица, вклучително и на раководството на ОВР Кочани. По две години мандат на Тошковски, МВР се соочува со низа скандали, а безбедноста и довербата се сериозно нарушени“, заклучуваат од СДСМ.
Од МВР информираат дека во моментов се преземаат сите неопходни оперативни мерки за пронаоѓање и приведување на бегалецот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

