10 јули 2026
• од Темелко Тошев
Пациентите кои се лекуваат од рак на простата повторно се соочуваат со сериозен проблем. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје недостасуваат блокатори на тестостерон, неопходни за нивниот третман. Револтирани граѓани алармираат за неизвесноста со која се соочуваат, особено потенцирајќи го малтретирањето на пациентите кои патуваат од внатрешноста на државата.
Граѓаните кои се обратија до нашата редакција сведочат за системска негрижа и недостаток на основни информации. Пациентите уредно се појавуваат на своите закажани термини, само за да бидат вратени назад без да ја примат неопходната терапија која им го продолжува животот.
Во една од пораките испратени до нашата редакција, револтиран член на семејство на онколошки пациент пишува:
„Мојот татко е опериран од рак на простата и денес се појави уредно на својот термин без да му дадат терапија, образложение немале. На неговиот пријател кој имаше термин пред 3 недели не му беше дадена терапијата со истото образложение и ќе му се јавеле штом ќе добијат. Човекот уште чека. Како тоа терапии за онколошки пациенти да не се достапни? Луѓето не ни живеат во Скопје, мораат да патуваат со саати до Скопје и назад на своите термини за да им кажат дека НЕМА ТЕРАПИЈА, на Онкологија.“
За овој сериозен проблем кој директно го загрозува здравјето на најранливата категорија пациенти, побаравме одговори од Клиниката и од ресорното министерство.
Директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски, го потврди недостатокот на лекови, лоцирајќи го проблемот кај дистрибутерот:
Додека пациентите чекаат на ветувањата за следната недела и се прашуваат како прекинот на терапијата ќе влијае врз нивната здравствена состојба, Министерството за здравство остана немо. Од таму не одговорија на нашите прашања и не дадоа никакво објаснување зошто се дозволува онколошките пациенти повторно да бидат оставени без својата редовна терапија.
Азири: Дијаспората да гласа и на локалните избори или ќе го блокираме законот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

